Споделуваме со Вас неколку идеи како можете своето барање за работа да го земете во своите раце и проактивно да пристапите на оваа задача.
- Поднесете го Вашето CV до тимот на човечки ресурси за да можат да Ве имаат во нивната база за позиции што одговараат на Вашите квалификации и интереси.
- На Вашиот LinkedIn профил означете дека барате работа за да можат регрутерите да знаат дека сте заинтересирани за деловни понуди.
- Ажурирајте го својот LinkedIn профил за да го направите колку што е можно уреден, јасен и информативен за потенцијалните работодавци и регрутери.
- Следете ги страниците на LinkedIn на агенцијата за човечките ресурси.
- Следете ги страниците на LinkedIn на компаниите каде би сакале да работите.
- Поврзете се со некој кој е вработен во секторот за човечки ресурси на компанијата за која сте заинтересирани, проследете го вашото CV и побарајте да добиете прилика да се претставите.
- Поврзете се со колегите од Вашата индустрија кои се малку поискусни од Вас и прашајте ги за совет. Ќе се изненадите колку често луѓето се отворени да им помогнат на колегите да дојдат до работа, споделувајќи го своето искуство и советите.
- Бидете активни на LinkedIn и споделете ги текстовите и информациите кои се поврзани со Вашата област на професонален интерес. Овоа ќе Ви направи да бидете повидливи на заедницата за LinkedIn.
- Придружете се на семинари и онлајн состоноци каде што можете да научите нешто ново, но и да запознаете луѓе од Вашата индустрија. Тие исто така можат да станат важен извоз на информации во процесот на добивање работа.
- Известете ги Вашите пријатели дека сте у потрага за работа. Компаниите често ги поттикнуваат своите вработени да препорачат кандидати.
- Постојана работа на себе, учење, обука, волонтирање итн. тие се секогаш дополнителен плус за секој кандидат.
Се надеваме дека Ве поттикнавме барем малку похрабро да пристапите кон процесот на наоѓање на посакуваната работа.
Со среќа!