Вашето CV е прв и неопходен чекор за востапување контакт со иден работодавач. Поради оваа причина, многу е важно тој да Ве претстави на најдобар можен начин.
За да можете да успеете, битно е да се осигурате дека сите информации што ги внесувате во вашето CV се релевантни за позиција за која сте аплицирале и дека се распоредени по јасен редослед. Овоа значи дека ќе направите документ кој ќе биде читлив и лесен за читање.
Општи карактеристики на работна биографија
Работната биографија не треба да биде подолга од две страници А4 . Зошто? Тоа првенствено служи да Ви обезбеди да поминете во наредниот круг на селекцијата, што обично е интервју. Затоа, треба да даде релевантни и концизни информации а нивното подетално објаснување следи во следните чекори за избор.
Исто така, потребно е да обрнете внимание и на бојата на подлогата, големината и фонтот на буквите. Пожелно е да биографијата биде на бела хартија (позадина) за да текстот биде позабележителен. Исто така, изберете некои од стандардните фонтови (Times New Roman, Calibri ili Tahoma), а големина на буквите 11 или 12.
Содржина на работната биографија
Секоа работна биографија треба да ги содржи следните сегменти:
- контакт податоци,
- работно искуство,
- образование и
- вештини.
Контакт податоци
Овоа е првиот сегмент од работната биографија. Овде ќе го дадете Вашето име и презиме, контакт телефон, е-маил адреса и линк на својот LinkedIn профил доколку го имате (а тоа би било пожелно). Погрижете се да овие податоци бидат лесно видиливи.
Луѓето често грешат, кога ги пишуваат својите лични податоци во CVто. Податоците за брачна, стамбена, семејна состојба итн не треба да бидат релевантни во селекцијата на кандидатите, и поради тоа не ги пишувајте.
Во овој дел се најчесто поставува и фотографија. Фотографијата не е задолжителен дел за биографијата. Но, доколку решите да ја внесете, бидете вимателни да биде примерена- професионална и во добра резолуција. Има многу примери и упатства за изработка на фотографии за CV-то на интернет, па ве охрабруваме да тоа подетално го истражете.
Работно искуство
Она што ќе го наведете за Вашето работно искуство ќе зависи пред се од количината и видот на искуството што го имате,но и неговата релевантност за позицијата за која аплицирате. Доколку имате долгогодишно работно искуство на позиции, кои се исти или слични како тие за која аплицирате, доволо е само да овие искуства ги наведете во Вашето CV. Доколку пак немате големо работно искуство на релевантни позиции или на позицијата за која аплицирате не е потребно претходно искуство, секако ги наведете Вашите претходни работни ангажмани, бидејки тоа ќе му покаже на работадавачот дека сте работеле на Вашата кариера.
Кога станува збор за прикажување на Вашите работни искуства, во работната биографија потребно е да ги подредете хронолошки (од последното до првото) и да за секоја позиција ги дадете следните податоци:
- Име на организацијата за која сте работиле
- Временски период на работа
- Задачите што сте ги извршиле.
Набројувањето на Вашите работни обврски дава информации за тоа колку пати сте се сретнале со задачите што ги бара позицијата за која аплицирате- и тоа го потврдува Вашето искуство.
Исто така, доколку имавте прекид во работното искуство, а во меѓувреме сте ја на друг начин развиле Вашата кариера: посетувале обуки, волонтирале и сличо, задолжително го спомнете тоа. На ова секако ќе се гледа позитивно.
Образоваие
Во овој сегмет потребно е да го наведете формалното образование што сте го стекнале, како и професионаланото усовршување- што ги вклучува сите дополнителни обуки што сте ги поминале на формално образование, а кои Ви помогнале понатаму професионално да се развиете.
Кога зборуваме за формално образование во најголем број случаеви, треба да го назначите само последното завршено образование (име на училиштето), стекнатото звање, како и периодот на школување. Меѓутоа доколку сте завршиле факултет, но сте посетувале и средно училиште каде сте стекнале знаења релевантни за позицијата за која аплицирате, слободно додадете ја оваа ставка во Вашето CV.
Исто така, обуката што ја назначувате треба да е релевантна за позицијата за која аплицирате. Доколку сте вложиле многу во обука, мимо редовното образование, потребно е да во биографијата да ги наведете само оние обуки/ едукации кои се релевантни за конкретната позиција.
Вештини
Кога станува збор за вештините кои ги наведувате во Вашето CV правиме разлика помеѓу два основни типови на вештини: професионални и преносливи „меки„ вештини. Kada je reč o veštinama koje navodite u svojoj radnoj biografiji, razlikujemo dva osnovna tipa veština: stručne veštine i prenosive ili “meke” veštine.
Професионалните вештини се оние кои се базираат на професионалното знање што сте го стекнале и тие се применуваат на одредени работни позиции. На пример, професионална вештина што е релевантна за позицијата продавач, е работа на каса.
Од другата страна, преносливите вештини се оние кои се применуваат на различни позиции и не се поврзани со специфично/ професионално знаење. Примери за меки вештини се: комуникациски вештини, интерперсонални вештини (вештини за решавање на конфликти, тимска работа итн.), дигитални вештини (компјутерски програми што успешно ги користите) како и јазиците што ги зборувате.
Во Вашето CV потребно е да ги наведете и професионалните и меките вештини кои ги имате, но треба да обрнете внимание да тие одговараат на потребите на позицијата за која аплицирате.
Поред тоа, пожелно е да ги наведете начините на кои ги стекнавте Вашите вештини : нпр преку обуките што сте ги посетувале, волонтирање, или преду одредените задачи на работата. На овој начин Вашите вештини добиваат поголем кредибилитет.
На самиот крај, након што ги напишавте сите сегметни од Вашeто CV , остана само да внимателно прочитате, исправете ги правописни грешки и да ги проследите на сите вистински места.
Конечно, не заборавајте да Вашето CV го прилагодите на позициите кои Ве интересираат и да редовно го ажурирате,затоа што toj се развива заедно со Вас.
Со среќа!