%
×
Ви даваме промотивен код во вредност на 500 ден

и може да се искористи само во онлајн продавница.

Како да го направите вистинскиот избор за кариера?
Како да го направите вистинскиот избор за кариера?
ЧР совети

Како да го направите вистинскиот избор за кариера?

05.11.2021.

Доколку сте на почеток на кариерата и сеуште не сте ја одабрале Вашата професија, сигурно сте се до сега сретнале неколку пати си советите на другите, и дека треба да работите она што го сакате и/или она што ќе биде финансијски профитабилно. Сепак, истражуванјата покажуваат дека тоа не е доволно! За да бидете задоволни со Вашата кариера, неопходно е присуство  на следните фактори: можност да можете да се развивате, да учите, да придонесете за вредностите кои Ви се важни и да поради тоа бидете препознаени.

Како да најдете професија што ќе ги исполнува сите овие услови ? Одличен начин да го постигнете е да направите профил за кариера. Подолу Ви даваме упатства како тоа да го направите во шест чекори.

1. Идентификувајте ги Вашите клучни интереси-мисија

Доколку не сте сигурни која е Вашата лична мисија, размислете за кои теми најчесто читате? Или- доколку не треба да се грижете за парите, што ќе биде фокусот на Вашите интереси. Одговори на овие прашања се исклучително важни за чуството на исполнетост и оствареноста за секој поединец.

 

2. Идентификувајте ги Вашите знења и квалификациите што ги поседувате.

Идентифукувајте ги клучните знаења и квалификации што ги поседувате: завршени училишта, обуки, технологии што сте ги користиле, јазици што ги знаете, работно искуство што сте го стекнале, искуство од волонтирање. Работа на различни позиции бара различни знаења и вештини, поради тоа е битно да ги препознаете Вашите.

 

3. Идентификувајте ги Вашите клучни вештини.

За да можете да одговорете на ова прашање, прво треба да ги запомнете сите вештини што ги поседувате и да ги запишете.Тоа можат да бидат вештини за јавен наступ, јазични вештини, анализа на податоци, преговарање итн. Доколку не можете да ги запомнете сите вештини, Linkedin е корисна апликација за пребарување на Вашите вештини кои се релевантни.

 

Во вториот чекор, откако ќе запишете се во што сте добри, време е да ги рангирате овие вештини користејќи го следното прашање: во кои од следните вештини најмногу уживате ,толку да бисте можеле да ги користете секој ден. Баш тие се Вашите клучни вештини.

 

4. Откријте како се Вашите клучни вештини, знаења и квалификации вклопуваат во пазарот на работата.

Добрата вест е дека нашите вештини често се трансверни- преносливни преку различни работни улоги, индустрии и позиции. Имено, доколку сте психолог по образование и имате развиени вештини за советување, овие вештини можете да ги користете како психолог во училиштето, во областа на социјална работа, психотерапијата, или дури како специјалист за човечки ресурси. Сега е момент да проверете за кои позиции се барани Вашите вештини, знаења и квалификации, за да можете да знаете за кои се работни позиции можете да аплицирате. Можете да го направите тоа едноставно со внесување на Вашите вештини или квалификации во опцијата за пребарување на Google или Linkedin. Dobra vest je da su naše veštine često transferabilne - prenosive kroz različite radne uloge, industrije i pozicije.

 

Од другата страна, доколку знаете што сакате да биде Вашата професија (на пр менаџер на трговија на големо, логистика, маркетинг итн. ) али не знаете кои Ви се компетенции потребни за тоа, исто така можете да направете пребарување на интернет, а потоа да испланирате како да дојдете до потребните квалификации. На овој начин ќе ја зголемете својата конкурентност на пазарот на работата.

 

5. Откријте кои се Вашите животни потреби

Вашата идна работа, пред се, треба да ги задоволува Вашите потреби. Тие ги влкучуваат прашањата за финансиите (платата), временската и просторната организација на работа (дали работата вклучува чести патувања или повеќе смени),колку лесно се работата вклопува со другите аспекти од Вашиот живот, колку Ви е важна стабилноста на компанијата и работно ангажување или можности за понатамошен професионален развој и унапредување во команијата.
 

6. Пронајдете ја вистинската организациска култура(колективно однесување и вредности во организацијата)

Кога ќе почнете да работите, поголемиот дел од времето на работното место ќе го поминувате со своите колегите и затоа е од најголемиот значај да Ви одговара организациската култура. Дали Ви више одговара организација која поттикнува тимска работа или натпреварувачка атмосфера ? Да ли Ви се више допаѓаат организации каде имат јасна хиерахиска структура или оние со пофлексибилна органицација на позициите? Кои вредности се Ви важни да ги има компанијата, за која бисте работиле-општествено одговрен бизнис, грижа за вработените, можност за напредување, поттикнување на различноста меѓу вработените или неког друг? Размислете за овие прашања и ќе дојдете до одговори за организациската култура која е иделана за Вас.

На крајот, откако ќе ги поминете сите горе наведени чекори и ќе го формирате Вашиот профил на кариера, останува да Ви посакаме среќа у наоѓањето на посакуваната работа и да ви посакаме кариера од која ќе бидете целосно задоволни, бидејки тоа е сосема можно.

Слични статии

05.
Nov.
Споделуваме со Вас неколку идеи како можете своето барање за работа да го земете во своите раце и проактивно да пристапите на оваа задача.
05.
Nov.
Вашето CV е прв и неопходен чекор за востапување контакт со иден работодавач. Поради оваа причина, многу е важно тој да Ве претстави на најдобар можен начин....
05.
Nov.
Работодавците се подготвуваат за разговорот со кандидатот - детално го читат CV-то , проверуваат го неговиот/ нејзиниот LinkedIn профил, и ги подготвуваат пр...