%
×
Ви даваме промотивен код во вредност на 500 ден

и може да се искористи само во онлајн продавница.

Испорака

Еко Логистик курирска служба доставува ги пакетите на домашна адреса.

Откако добивте потврда за креирана нарачка, нарачката влегува во статус на обработка. Откако ќе биде обработена и потврдена ќе биде испратена на достава.

Рокот на испорака е 5 работни дена. Рокот за испорака започнува следниот ден од денот на нарачката. За сите нарачки направени во петок или за време на викенд ќе бидаат процесирани во првиот следен работен ден. Работното време на нашиот online shop е од 8 до 16 часот во текот на неделата, а сабота и недела се неработни денови.

Потрошувачот ќе биде известен за времето на испорака по телефон од курирската служба. Доколку курирот не Ве пронајде на адресата, вообичаена пракса е да Ве побара на телефонскиот број кој сте го впишале при креирање на нарачката со цел да договорите нов термин за достава. Доколку и во вториот обид за достава не Ве најде на договорената адреса, пратката ќе ни ја врати нам. По прием на пратката, ќе Ве контактираме за да ги утврдиме причините за неизвршувањето на доставата и ќе договориме повторна достава.

За сите нарачки во вредност помала од 2500 дeнари, потрошувачот, прифаќајќи ги овие Услови на употреба, се обврзува да му плати, директно на курирот, износ од 250 дeнари со ДДВ во име на трошоците за испорака при преземање на пратката. За сите нарачки во вредност од 2500 денари или повеќе, доставата е бесплатна.

Испораките на пакетите се вршат само во работни денови, т.е. пакетите не се доставуваат за време на викендите.

НАПОМЕНА: Мона го задржува правото да наплати поштарина за втората и секоја наредна испорака за истото купувањe, доколку првата не е реализира од причини кои се надвор од контрола на МОНА ДООЕЛ Скопје, одговорноста е веќе на страна на купувачот, доколку он сака повторна испорака.

Исто така, имајте предвид дека периодот на обработка на нарачката зависи од моментот кога е креирана нарачката. Нарачките создадени пред 12 часот ќе бидат обработени истиот работен ден, а нарачките создадени по 12 часот ќе бидат обработени следниот работен ден.