%
×
Ви даваме промо код во вредност на 500 ден

и може да се искористи само во онлајн продавница.

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

 

МОНА ДООЕЛ Скопје Ви овозможува користење на услуги и содржини од овој портал во согласност со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење важат за сите содржини и услуги на страницата www.monaonline.com Се смета дека корисниците се запознати со овие услови доколку користат било кој дел од порталот, како и дека го прифаќаат користењето на содржините од овој портал само за лична употреба и на сопствена одговорност.

МОНА ДООЕЛ Скопје Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во склад со долунаведените УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ. Условите на користење се применуваат на сите содржини и услуги на веб страната www.monaonline.com. Се поистоветува дека корисниците се запознаени со овие услови доколку го користат било кој дел од нашиот портал, како и дека прифаќаат дека користење на оваа веб страна е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ФИРМАТА

Друштво за трговија и производство МОНА ДООЕЛ Скопје

Скратен назив МОНА ДООЕЛ Скопје

Адреса: Кеј 13-ти ноември ГТЦ 2/лок34 сек-5 приземје

1000 Скопје

Република Северна Македонија

Директор: Илија Деолски +38975360994

Менаџер: Анета Серафимовска +38978353244

Сметководител: Сузана Спирковска +38975431879

Телефон на продавница ГТЦ: +38923231905

Телефон на продавница City Mall: +38923060013

email: monamk@monaonline.com

WEB: www.monaonline.com

Трансакциска с-ка: 210-0564166701-09

ЕМБС: 5641667

ЕДБ: 4030002443938

Шифра на дејност: 47.71 - Трговија на мало со облека во специјализирани продавници

 

 

 

УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ

Почитувани корисници,

Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа апликација.

          1.      Општи одредби

МОНА ДООЕЛ Скопје ги има авторските права на сите содржини (текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци и програмерскиот код). Неовластено користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.

МОНА ДООЕЛ Скопје ја администрира оваа страница од своите канцеларии во Скопје, Република Северна Македонија. Не гарантираме дека материјалите и услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Република Северна Македонија, а пристапување од подрачје каде нивната содржина е незаконска е забрането. Не е дозволено користење или извоз, односно увоз, заради извоз на материјали или услуги на оваа локација нити било кој друг вид на копирање или прилагодување кое е во спротивност со важечките закони или прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законите и прописите за извоз на Република Северна Македонија. Доколку одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Република Северна Македонија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие услови се толкуваат во согласност со законите на Република Северна Македонија и нема да се применуваат начела за решавање на неусогласеност на законите.

МОНА ДООЕЛ Скопје може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Повремено, посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате актуелните услови затоа што за Вас како корисник тие се обврзувачки. Одредени одредби на овие услови може да се заменат со правни известувања и услови единствено достапни на одредени страници на оваа локација.

          2.      Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини)

Личните податоци кои ги проследувате до сајтот www.monaonline.com со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет. Забрането е праќање или пренесување до и од оваа локација, било какви незаконски, заканувачки, навредливи, клеветнички, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

МОНА ДООЕЛ Скопје на оваа локација не сака од Вас да добива доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа локација нема да се сметаат за доверливи и со кои не може слободно да се располага. www.monaonline.com нема никакви обврски кон овие соопштенија. Нашите вработени можат да ги копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на други начини да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите материјали содржани во нив, за било какви комерцијални и некомерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.

          3.      Врски (линкови) кон други веб локации

Врските (линковите) на оваа локација кон локации на самостојни произведувачи се поставени исклучиво со цел да Ви ја олеснат работата. Доколку ги користите овие линкови, ќе ја напуштите оваа локација. www.monaonline.com ги нема прегледано сите овие локации на самостојни произведувачи и не ги контролира и оттука не е одговорен за било која од овие локации или нивната содржина. Со самото тоа, не поддржуваме и не даваме никакви изјави за нив, ниту за било кои информации, софтвер или други производи или материјали кои таму се наоѓаат, или за било кои резултати кои можат да се добијат со нивното користење. Доколку одлучите да пристапите на некоја од веб локациите на самостојните произведувачи кои се поврзани со оваа локација, тоа го правите на сопствен ризик.

          4.      Кориснички блог

МОНА ДООЕЛ Скопје може, но нема обврска, да го надгледува или прегледува било кој дел од локацијата на кој корисниците пренесуваат или праќаат соопштенија или комуницираат единствено меѓусебно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на корисничкиот форум, како и содржината на било кое соопштение од овој тип. Но, МОНА ДООЕЛ Скопје не се смета за одговорен за содржината на било кое од наведените соопштенија, без оглед дали произлегува или не од Законот за авторски права, клевети, приватност, навредливост или друго.

МОНА ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги отстрани пораките кои содржат материјал кој сметаме дека е непристоен, клеветнички, навредлив или на било кој друг начин неприфатлив. Сите ифнормации во врска со трансакцијата купувач – продавница МОНА ДООЕЛ Скопје, се смета за деловна тајна и треба да се третира согласно законските прописи на Република Северна Македонија.

 

ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ

KУПУВАЊЕ СО ДОВЕРБА

Регистрација и Креирање на кориснички налог

За да Ви биде овозможено купување на нашата веб страница мора да бидете регистриран корисник. Процесот на регистрација е многу едноставен и потребно е да ги внесете само Вашите лични податоци: име и презиме, адреса за е-пошта, телефонски број, адреса и место на живеење, пол, датум на раѓање и IP адреса. Со цел да ја започнете регистрацијата потребно е во горниот десен агол да кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ, каде што потоа ви се отвараат полиња каде што потребно е да ги внесете Вашите податоци. Откако ќе ги внесете сите податоци кликнете на РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ и на вашиот емаил ќе ви пристигне линк кој е потребно да го кликнете со што вашата регистрација ќе биде завршена и ќе може да продолжите со купувањето.

Со самото регистрирање односно креирање на корисничкиот налог ќе се смета дека претходно сте запознаени со условите за користење и политиката на приватност и истите ги прифаќате.

Вашиот профил на МОНА ДООЕЛ Скопје е достапен само по регистрација на веб-страницата со точни податоци за регистрација, т.е. адреса за е-пошта и лозинка - затоа, ве молиме, чувајте ги овие информации и користете безбедни (сложени) лозинки. Препорачуваме да комбинирате големи и мали букви и броеви при изборот на комбинација на знаци за вашата лозинка и не заборавајте да користите лозинка од најмалку шест карактери. Исто така препорачуваме да ја менувате вашата лозинка најмалку еднаш годишно. МОНА ДООЕЛ Скопје нема пристап до лозинката, така што корисникот е единствено одговорен за заштита на неговата лозинка.

Избор на производи

На почеток на секоја страница се наоѓа паѓачко мени со категории на производи. Со избор на некоја од категориите ќе се отвори страна со набројани производи. Од лева страна на страницата се наоѓаат филтри за филтрирање на производите според: пол, тип, вид, намена, произведувач, цена. Со избор на полето CHECKBOX покрај одреден филтер, го вклучувате или исклучувате соодветниот филтер. Доколку сте ги пронашле производите кои Ве интересираат, дополнителните информации за конкретниот производ можете да ги видите со кликнување врз сликата или името на производот. Доколку не знаете на која категорија и припаѓа производот кој Ве интересира, можете да го искористите полето за пребарување кое се наоѓа најгоре на секоја страница. Во полето можете да ја внесете шифрата на производот, намената и сл. При преглед на производите кои се достапни за купување, ќе забележите под производот поле "ПОВЕЌЕ". Кога ќе го притиснете тоа поле ќе можете да го видите производот од повеќе агли, да го видите неговиот состав и да ја одберете посакуваната боја и големина. Со притискање на полето "ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА" ќе бидете известени дека производот се наоѓа во Вашата кошничка. Можно е повеќе пати да додадете ист производ во кошничката.

Содржина на корпата

Во секој момент овозможен е преглед на сите производи кои сакате да ги купите. Со едноставен клик на иконата за корпата, во горниот десен дел од веб страната, отворате страница на која се прикажани сите производи одбрани за купување. Многу лесно можете да избришете производи од кошничката или спротивно да го зголемите нивниот број.

Нарачување на производи од корпата

Кога сте подготвени да извршите купување потребно е само на страницата каде што се наоѓа корпата да кликнете на копчето за "ПРИФАЌАМ" за да го извршите плаќањето. Од вас ќе биде побарано да се регистрирате или логирате на својот профил. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрација се пополнува само еднаш, а секоја нареден пат кога ќе се логирате тоа ќе биде на веќе креираниот профил. Кога сте подготвени да извршите купување потребно е во следните три чекори да одберете адреса на испорака, метод на испорака и начин на плаќање. Потоа ќе ви се отвори страницата за завршување на купувањето. Доколку сте се предомислиле во врска со купувањето и сакате нешто да смените, едноставно можете да се вратите на страната на кошничката со клик на полето "ПРОДОЛЖИ СО КУПУВАЊЕ". Враќање на делот со плаќање се врши со кликнување на иконата за корпа. Нарачката се креира со клик на копчето ПОТВРДИ. Во моментот кога ќе ви стигне потврда за нарачката од страна на МОНА ДООЕЛ Скопје, вие ја преземате обврската за плаќање и превземање на нарачката а МОНА ДООЕЛ Скопје ја превзема обврската за испраќање на нарачаната роба, доколку истата е претходно достапна.

 

Плаќање

 

Сите цени кои што се објавени на сајтот на МОНА ДООЕЛ Скопје се прикажани со вклучено ДДВ.

Начини на плаќање се готовина при испорака и плаќање со картичка за време на нарачката.

Плаќање по испорака:
Се плаќа на курирот, веднаш по испорака на вашата пратка , исклучиво во готовина, во валута - денари.

 

Плаќање со платежна картичка:
Можете да платите со користење на платежните картички на Visa, Visa Electron, MasterCard, Maestro или Diners. Картичката мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.
Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

 

Достава

Повеќе информации за испораката можеге да видите тука.

РЕКЛАМАЦИИ

Откако курирската служба ќе ви ја достави пратката, ве молиме проверете го производот и доколку на него има видливи оштетувања (искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка, ве молиме да не побарате телефонски на бројот +38923231905 или да ни испратите емаил monamk@monaonline.com со свои податоци (име, презиме и телефон) на адресата Кеј 13-ти ноември ГТЦ 2/лок34 сек-5 приземје и да ги наведете причините поради кои сакате да направите замена/враќање на пакетот. Ве молиме да не контактирате најдоцна во рок од 24 часа од приемот на пратката.

Продавачот ќе потврди во рок од 5 дека жалбата е примена. Во рок од 8 дена од денот на приемот на жалбата, продавачот ќе го извести потрошувачот во писмена форма или по електронски пат за одлуката (прифатен или одбиен приговор на потрошувачот во врска со сообразноста на ставката), како и можниот начин на решавање на жалбата во согласност со Законот за заштита на потрошувачите (враќање на средства, соодветно намалување на цената, замена или поправка на статијата). Продавачот ќе стори се што е во негова моќ да ја реши спорната ситуација, сè со цел да ги отстрани предметните недостатоци.

Замената на производот може да ја направите во договор со нашите координатори за онлајн продажба.
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ. За да се замени или врати производ, истиот задолжително мора да биде неоштетен и спакуван во првичното пакување заедно со фактурата. 
По приемот на производот проверуваме дали производот е оштетен, а потоа ви испраќаме соодветна замена.

 

Рекламационен лист - Преземи

 

ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ

За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса на живеење, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.

Во име на компанијата МОНА ДООЕЛ Скопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само неопходните основни податоци за купувачите (корисниците) и податоците неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од маилинг листата. Сите податоци за купувачите/корисниците строго се чуваат и достапни се само на вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Сите вработени во компанијата МОНА ДООЕЛ Скопје се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.

При внесување на деталите за платежната картичка, чувствителните информации се пренесуваат преку јавна мрежа во заштитена (шифрирана) форма со користење на SSL протоколот и PKI системот, како што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Безбедност на податоците при онлине купување, ја гарантирајќи уплатата CARD и NLB Банка, така што целиот процес на исплата се врши на местото на банката. Во ниту еден момент кредитна картичка податоци не се достапни на нашиот систем.

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

Повеќе информации за политиката за приватност може да ја најдете тука.

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА

Повеќе информации за политиката за колачиња може да ја најдете тука.

СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ

Користењето на нашите сервиси подразбира согласност на корисникот со наведените услови на користење. www.monaonline.com се обврзува дека ќе се придржува до се претходно наведено, а сите промени на условите стануваат важечки дури по објавувањето на оваа страница и праќање на известување по емаил до сите регистрирани корисници.

 

ПОДАТОЦИ ЗА ОФИЦИРИ ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

Назив на контролорот :

МОНА ДООЕЛ Скопје

Официр за заштита на лични податоци:

Тамара Недељковиќ

 

 

Контакт тел:

+38163571597

Е маил:

tamara.nedeljkovic@mona.rs

 

ЗАМЕНА НА ГОЛЕМИНА И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОД СО ДРУГ/ПРАВО НА ОТКАЖУВАЊЕ

Повеќе информации за замената и правото на повлекување може да најдете тука.