Политика на колачиња

www.monaonline.com користи тнр. „cookies“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби. 

Во оваа Политика детално се објаснети категориите на колачиња кои ги користиме, која е нивната намена и на кој начин може да бидат изменети Вашите претпочитани опции, а дополнително ги појаснува и технологиите кои ги поставуваме за прибирање на податоци поврзани со користењето на нашата веб-страна.

Што се колачиња?

Колачиња (cookies) се мали текстуални датотеки (фајлови) кои се сместуваат во хард дискот на Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате  и помагаат при Ваша идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата. Колачињата не можат да бидат искористени да стартуваат програми или да пренесат вируси до компјутерот или мобилниот телефон на корисникот. 

Колачињата можат да бидат постојани и привремени.

Постојани колачиња остануваат на Вашиот компјутер или мобилен телефон и го памтат пребарувањето/сесијата кога корисникот ќе го исклучи пребарувачот (офлајн состојба), со цел да се задржи состојбата на корисникот.

Привремени колачиња се бришат штом го затворите интернет пребарувачот.

Зошто користиме колачиња?

На оваа веб страница користиме колачиња од следниве причини:

  • за подобро техничко функционирање на веб страницата;
  • за да го подобриме Вашето корисничко искуство;
  • за да Ви обезбедиме погодности кои ќе Ви заштедат време;
  • за оптимизирање и унапредување на фунционалноста на веб страницата;
  • за да ги запомнеме Вашите преференци како да се прикажува веб страницата;
  • за да запомниме дали се согласувате или не со нашето користење на колачиња на оваа веб страница.

Каков вид на колачиња користиме?

Оваа веб страница користи 3 вида на колачиња во зависност од нивната намена.

1) Задолжителни колачиња – овие колачиња се апсолутно неопходни за непречено работење на веб страницата и ја прават истата употреблива, преку овозможување на основни функции како навигација на страницата, со цел обезбедување на корисничко искуство. Овие колачиња автоматски се превземаат на Вашиот компјутер или мобилен телефон, не чуваат никакви лични податоци и за нивното поставување не е потребна Ваша согласност.

2) Статистичките (аналитички) колачиња – овие колачиња овозможуваат анонимно собирање, испраќање и анализа на активностите на корисникот на веб страницата, со цел подобрување на функционалноста на веб страницата и нашите услуги. Преку овие колачиња се врши анализа на посетеноста и користењето на веб страницата, која потоа се користи за подобрување на квалитетот и содржината на понудените услуги, оптимизација на веб страната за различни типови на уреди и оперативни системи, идентификација на најпребарувани и најмалку пребарувани производи и слично. За овие колачиња потребна е Ваша согласност.

3) Маркетинг колачиња – овие колачиња овозможуваат следење на посетителите преку веб страницата со цел нивно таргетирање и рекламирање. Маркетинг колачињата се користат за прикажување на реклами за корисниците, за објавување на известувања на веб страницата на МОНА ДООЕЛ Скопје и други веб страници и друштвени мрежи, земајќи ја во предвид Вашата претходна посетеност на нашата веб страница. Кога ја посетувате нашата веб страница, користиме услуги на трета страна Google Analytics колачиња ads/ga-audiences и collect и Facebook колачиња, со цел да собереме стандардни информации за пристапот и детали за однесувањето на посетителите, на начин на кој е оневозможено некој да биде идентификан. За овие колачиња потребна е Ваша согласност.

Се согласувам 

Задолжителни колачиња

Статистички колачиња

Маркетинг колачиња

Може ли да ги избришете, оневозможите и/или контролирате колачињата?

Информациите поврзани со колачињата не се користат за Ваше лично идентификување. 

Овие колачиња може да бидат избришани или блокирани од Ваша страна, но доколку го одберете тоа, некои карактеристики на оваа веб страница може да не работат правилно, а можно е да има потреба рачно да ги прилагодувате преференциите секој пат ја посетувате веб страницата.

Кога прв пат пристапувате на веб страницата www.monaonline.com/mk ќе добиете добиете порака која што Ве известува дека користиме колачиња.

Како корисник Вие имате техничка можност да дадете согласност за користење на колачиња или да го одбиете истото. Колачињата може да ги оневозможите преку опцијата „Употреба на колачиња“, каде што можете да ги подесите колачињата кои не се задолжителни. Со кликање на опцијата „Прифати ги сите“ се согласувате со трите вида на колачиња (задолжителни, статистички и маркетинг), додека со кликање на опцијата „Променете ја согласноста на колачињата“ имате можност да ги оневозможите аналитичките и маркетинг колачиња. 

Задолжителните колачиња не може да бидат оневозможени, од причина што истите се неопходни за функционирање на веб страната. 

Со кликнување на „Прифати ги сите“ или „Променете ја согласноста на колачињата“, Вие изјавувате дека сте ја разбрале и се согласувате или не се согласувате со употребата на овие датотеки, како што се објаснети во оваа Политика за користење на колачиња (cookies), при што може да ги промените подесувањата во Вашиот интернет пребарувач за да ги дозволите, органичите или забраните колачињата.

Задолжителните колачиња може да се оневозможат преку интернет пребарувачот. Во менитo „Помош“ (Help) во лентата со алатки на интернет пребарувачот кој го користите, има информации за корисниците како да ги прифатите сите колачиља, како да ги исклучите колачињата од трети страни, како да го поставите пребарувачот да Ве извести секогаш кога ќе примите ново колачње и како целосно да ги оневозможите колачињата.

Доколку целосно ги исклучите колачињата, тогаш постои можност веб страницата да не функционира, поради што Ви препорачуваме да ги прифатите колачињата. 

Прибраните податоци и информации од нашата веб страна, согласно Законот за заштита на личните податоци, нема да бидат злоупотребни, објавени или споделени со друго трето физичко или правно лице.

Почитувањето на приватноста и заштитата на личните податоци е наш врвен приоритет.

Со почит, 

МОНА ДООЕЛ Скопје