Политика на приватност

Оваа Политика на приватност дава општи информации и содржи објаснувања за обработката на личните податоци при посета и / или користењето на интернет услугите достапни на нашата веб страница.Оваа Политика на приватност се однесува единствено за наведената веб страница и не се однсува на личните податоци кои МОНА ДООЕЛ Скопје ги собира на друг начин.

КОНТРОЛОР НА ЗБИРКИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Контролор на личните податоци е МОНА ДООЕЛ Скопје, со седиште на Ул.КЕЈ 13-ТИ НОЕМВРИ Бр.ГТЦ бр.2-локал34сек/5приземје СКОПЈЕ, ЦЕНТАР.

КОИ ИНФОРМАЦИИ СЕ СОБИРААТ

За време на посетата на нашата веб страница, Вашата приватност целосно се почитува.

Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата  https://www.monaonline.com/mk и купувачите на производи преку оваа веб страница (во понатамошниот текст “корисниците“).

ЦЕЛИ НА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Предмет на обработка се податоци за посетителите на веб страницата www.monaonline.com и купувачите на производи преку оваа веб страница (понатаму “корисниците“).

За успешно реализирање на нарачките, неопходно е да ги обработуваме податоците за име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Во име на групацијата МОНА ДООЕЛ Скопје се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на сите наши купувачи. Ги собираме само наведените основни податоци за купувачите (корисниците) кои се неопходни за постапување по нарачките и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел давање квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите/корисниците грижливо се чувани од губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап. Вработените во МОНА ДООЕЛ Скопје се обврзани да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.

Покрај наведените податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производите кои нашите корисници ги пребаруваат и ги купуваат, како и страниците кои ги посетуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење и сигурно и лесно купување.

Личните податоци кои се обработуваат не се споделуваат со трети лица освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, исклучиво во случаите, на начин и во постапка како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци. Освен тоа, кога за потребите на испорака на нарачаните производи до купувачите ќе бидат ангажирани овластени субјекти за вршење на поштенски услуги, истите како обработувачи се обврзуваат да обезбедат заштита на личните податоци кои е потребно да бидат обработувани во процесот на давање на нивните услуги.

НА КОЈ НАЧИН СЕ ВРШИ ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ?

Личните податоци се обработуваат на совесен и транспарентен начин, согласно важечките прописи за заштита на личните податоци, во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на личните податоци.

При обработката на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки за обезбедуваење на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, со цел обезбедување на соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи примена на сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна.

Веб страницата www.monaonline.com не е наменета за лица под 14 години. МОНА ДООЕЛ Скопје нема за цел да прибира и обработува лични податоци за лица под 14 години. Во случај лице под 14 години да ги доставило своите лични податоци без согласност на неговите/нејзините родители и/или старатели, треба веднаш да бидеме известени преку контактот наведен подолу. Ако сте родител или законски старател кој открил дека Вашето малолетно дете обезбедило лични податоци преку нашата веб страна без Ваша согласност, можете да побарате од нас да ги отстраниме таквите неовластени информации со испраќање нa меил на следната меил адреса monamk@monaonline.com

Плаќање со картички во онлајн продавницата

Податоците од кредитните и дебитните картички, кои ги внесувате при плаќање во интернет продавницата на Mona, не се примаат и не се обработуваат во нашите системи. Обработката се одвива во системите и техничката и законската одговорност на нашиот партнер за онлајн наплата (WSpay), а ние добиваме податоци за статусот на трансакцијата.

Monri WSPay Payment Service Provider е систем за плаќање кој им овозможува на купувачите плаќање во безбедно 3DS 2 опкружување.

Формуларот за внесување на платните податоци е обезбеден со SSL транспортна шифра со најголема доверливост.

Во наредниот период ќе биде воведено и плаќање со платни картички при онлајн купување, за што ќе ве информираме подетално.

Изјава за заштита и собирање на лични податоци и нивната употреба

Mона се обврзува да обезбеди заштита на личните податоци на купувачите, на начин што ќе собира само неопходни, основни податоци за купувачите/корисниците кои се потребни за исполнување на нашите обврски; ги информира купувачите за начинот на користење на собраните податоци, редовно им дава на купувачите можност за избор за употреба на нивните податоци, вклучувајќи ја и можноста да одлучат дали сакаат или не нивното име да биде отстрането од листите кои се користат за маркетинг кампањи. Сите податоци за корисниците се строго чувани и достапни само на вработените на кои тие податоци им се потребни за извршување на работата. Сите вработени на Мона и деловните партнери се одговорни за почитување на принципите за заштита на приватноста.“

Изјава за заштита на преносот на лични податоци

„Заштита на личните податоци во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци на Европскиот парламент и Советот број 2016/679 – Регулатива и спроведување на Општата регулатива за заштита на податоци
Monri WSPay како извршител на спроведување на авторизација и наплата на кредитни картички постапува со личните податоци во својство на извршител на обработка и со личните податоци постапува во согласност со Општата регулатива за заштита на податоци на Европскиот парламент и Советот број 2016/679 и според строгите правила на PCI DSS L1 регулативата за заштита на внесувањето и преносот на податоци.“

Изјава за користење на Monri WSPay

Мона користи Monri WSPay за онлајн плаќања.
Monri WSPay е сигурен систем за онлајн плаќање, плаќање во реално време, со кредитни и дебитни картички и други начини на плаќање. Monri WSPay на купувачот и трговецот им обезбедува сигурно внесување и пренос на внесените податоци за картичките што го потврдува и PCI DSS сертификатот кој го има Monri WSPay. Monri WSPay користи SSL сертификат со 256 битно шифрирање и криптографски протокол TLS 1.2 како највисоки нивоа на заштита при внесување и пренос на податоци.

Повеќе информации можете да најдете на линковите подолу.

https://www.visa.com.hr/products/visa-secure.html

https://mea.mastercard.com/en-region-mea/personal/safety-and-security/securecode.html

КОЛАЧИЊА (COOKIES)

Веб страницата www.monaonline.com користи  „cookies“ односно “колачиња“ за да им помогне на корисниците да го прилагодат користењето на интернетот на своите потреби.Колачиња “Cookies“се мали текстуални датотеки (фајлови) који се сместуваатво хард дискот на Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците ккои ги посетувате и помагаат при Ваша идентификација кога повторно ќе ја отворите веб страницата.  Колачињата “Cookies“ не можат да бидат искористени да стартуваат програми или да пренесат вируси до компјутерот или мобилниот телефон на корисникот.  Една од основните намени на “сookies“ е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време. Деталите за Политиката за колачиња се достапни на следниот линк.

ВРЕМЕ НА ЧУВАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Личните податоци доставени преку веб страницата се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и истите се утврдени во прегледот на евиденции со рокови на чување на личните податоци во МОНА ДООЕЛ Скопје.

Со оглед на предметот на работа во МОНА ДООЕЛ Скопје, се применуваат следните рокови:

– податоците дадени за реализација на нарачки и плаќање се чуваат до завршување на административните и сметководствени процедури, додека податоците за задолжувањата за плаќање се чуваат 10 години од денот на издавање на сметка / фактура;

– податоците дадени поврзано со процедури за враќање или замена на производи се чуваат до истек на законските рокови за рекламации и замена;

– податоците дадени при регистрација, најава, како и за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;

– податоците дадени при аплицирање за вработување се чуваат 1 година од поднесувањето или до спроведување на барање за бришење на податоци.

ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ

Корисниците имаат право да бидат информирани за обработката на нивните лични податоци, како и имаат право да побараат пристап, исправка или бришење на личните податоци, ограничување на обработката на нивните лични податоци или да поднесат приговор.

Корисниците имаат право во секое време да ги повлечат дадените согласности во врска со обработката на нивните лични податоци.

ВИДЕОНАДЗОР ВО МАЛОПРОДАЖБА

За безбедносни мерки, сите наши малопродажни објекти се покриени со видеонадзор.

Изјавата за приватност при вршење на видеонадзор можете да ја најдете ТУКА.

Известувањето за видеонадзор можете да најдете ТУКА.

 

 

 

 

 

ПРИФАЌАЊЕ НА УСЛОВИТЕ

Со продолжување на пристапот и користењето на нашите услуги, корисникот ги прифаќа и се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со наведените услови на користење, ве молиме да прекинете пристапот со веб страницата.

ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

МОНА ДООЕЛ Скопје има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време, соодветно на настанатите промени и наши активности.

Промените на условите на користење стануваат важечки сметано од денот кога ќе бидат објавени на нашата веб страница.

КОНТАКТ

Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци преку веб страницата www.monaonline.com и во врска со оваа Политика на приватност, корисниците може да ги упатат до oфицерот за заштита на лични податоци Анета Серафимовкса  преку следниот контакт: